Во Узус и Речани 2 се гради на големо

Bez autora
Jun 14 2011

Со продажбата на сите плацеви во индустриските зони Комплекс "УЗУС" и "Речани 2", за едно евро по квадратен метар се отворија можности за побрз развој на изградбата на мали и средни компании во Велес. Бизнис-секторот е задоволен од одлуката на Владата земјиштето да се продава за едно евро квадрат што ќе придонесе плацевите, кои поради високата цена со години беа празни, сега на последниот оглас сите да бидат продадени. И додека во "Речани 2" сопствениците се при крај со прибирањето на потребната документација, во индустриската зона Комплекс "Узус" се гради на големо. Потегот на Владата беше повеќе од потребен и е за поздравување. Сега можам да се проширам и да отворам покрај сегашниот, уште еден погон. Работа обезбедив со странски партнери, а до крајот на годинава ќе примам и нови работници.

Во Узус и Речани 2 се гради на големоСо продажбата на сите плацеви во индустриските зони Комплекс "УЗУС" и "Речани 2", за едно евро по квадратен метар се отворија можности за побрз развој на изградбата на мали и средни компании во Велес.

Бизнис-секторот е задоволен од одлуката на Владата земјиштето да се продава за едно евро квадрат што ќе придонесе плацевите, кои поради високата цена со години беа празни, сега на последниот оглас сите да бидат продадени.

И додека во "Речани 2" сопствениците се при крај со прибирањето на потребната документација, во индустриската зона Комплекс "Узус" се гради на големо.

- Потегот на Владата беше повеќе од потребен и е за поздравување. Сега можам да се проширам и да отворам покрај сегашниот, уште еден погон. Работа обезбедив со странски партнери, а до крајот на годинава ќе примам и нови работници - вели сопственик на фирма од Комплексот "Узус".

Со затворањето на големите фабрики, велешките стопанственици единствениот излез од тешката состојба сега го гледаат во изградбата на мали и средни компании. Во досега изградените педесетина фирми во оваа индустриска зона која целосно е урбанизирана, егзистенција обезбедуваат над 350 работници. Во тек е градба на десетина помали и поголеми претпријатија во кои се очекува работа да обезбедат уште 150 невработени лица.

- Преку огласот на Министерството за транспорт и врски купив 800 квадратни метри што ќе ми бидат доволни да отворам нов погон за преработка на дрво. Сегашниот погон е претесен. Сакам покрај палети да произведувам и паркет, брикети и друго, а за тоа ќе ми бидат потребни и уште дваесетина нови работници - вели Тодор Маџаров, сопственик на "Ангро Вардар".

Индустриската зона "Речани 2" е уште поатрактивна за стопанствениците не само од Велес, туку и од други градови. Таа е целосно урбанизирана, со воведена електрична, водоводна и канализациона инсталација, изградени се асфалтни улици и во неа се продадени 33 плацеви со површина од над 1.000 квадратни метри. Доколку не се јавеа некои проблеми од нерешени имотно-сопственички прашања досега во оваа индустриска зона ќе беа изградени поголем број од објектите. За изградбата и уредувањето беа инвестирани над 230.000 евра што беа обезбедени од општина Велес и од Европската унија. Досега се изградени седум објекти, а деновиве се очекува да почне изградбата и на останатите во кои работа ќе обезбедат над 300 работници.

Инаку, Зоната е посебно атрактивна бидејќи се наоѓа веднаш до автопатот Скопје- Велес. Токму поради ова од општина Велес најавија дека во најскоро време индустриската зона ќе се прошири за нови дваесетина плацеви за изградба на мали и средни претпријатија. Оттаму велат дека во двете индустриски зони, кои се единствена можност за побрз развој на велешкото стопанство и на решавање на најгорливиот проблем - невработеноста, егзистениција треба да обезбедат околу 900 велешани. Во нив свои компании веќе најавија да изградат и бизнисмени од десетина градови од повеќе европски земји со кои Велес се побратими.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik